ПРОМОЦИЈА НА КНИГА СО РЕЦЕПТИ ЗА МИЛЕНИЦИ
ДОМАШНИ ДЕЛИКАТЕСИ
за нашите домашни миленичиња
(кучиња, па и мачиња)
од авторката Проф. д-р Наташа Ѓорговска
Со огромно задоволство Ве покануваме на ПРОМОЦИЈА НА КНИГА СО РЕЦЕПТИ ЗА МИЛЕНИЦИ, под наслов „ДОМАШНИ ДЕЛИКАТЕСИ за нашите домашни миленичиња (кучиња, па и мачиња)“, од авторката Проф. д-р Наташа Ѓорговска, Редовен професор/научен советник во Институтот за сточарство и рибарство, при УКИМ – Скопје, која ќе се одржи во Луна Пет, на ден сабота, 30.09.2023 година, од 11.00 до 13.00ч.
Со големо нетрпение и ние, од Луна Пет, го чекаме овој евент, кога за прв пат ќе ги свртиме страниците на оваа книга, прва од овој вид на нашите простори и да влеземе во еден, за нас, досега, непознат свет на многу вкусови и деликатеси наменети за нашите миленици, кучиња и мачиња. Во книгата претставени се рецепти од деликатеси кои авторката ги подготвува за своето милениче, Берта, пријателките и роднините на Берта. Како што вели Авторката: „Поводот за издавање на оваа книга е 10-тиот роденден на Берта“.
Целиот настан ќе биде проследен со вкусна дегустација за нашите миленици на дел од рецептите на авторката, ќе има специјални награди за сите наши крзнени пријателчиња, ќе се дружиме и забавуваме со нив и ќе си поминеме прекрасно претпладне.
Среќен роденден Берта и од нас, ти благодариме што си причината за издавањето на оваа книга и ти посакуваме уште многу родендени и вкусни дегустации!
А ние, Ве очекуваме со Вашите крзнени пријателчиња на една извонредна дружба и забава.
Тимот на Луна Пет