РАБОТНА АКЦИЈА – ШАРЕНА ШЕПАСТА ИНИЦИЈАТИВА 08.10.23 НА ПЛАДНЕ

Бевме многу среќни кога ја добивме поканата од Шепасти Ентузијасти Скопје и тимот на Луна Пет да помогне во реализирањето на Шепастиот сон, поточно во  изградбата на нивното ново прфатилиште за бездомни кучиња.

Во работничко руво, опремени со четки за фарбање во рацете и наоружани со куп толи насмевки и огромен ентузијазам за работа, се упативме на новата локација на прифатилиштето на Шепасти Ентузијасти. Исполнети со добро расположение и добра музика, денот го поминавме во прекрасно позитивен амбиент, во дружба, смеа и секако работа.

Ја поздравуваме нивната иницијатива и огромна хуманост за згрижување, не само на уличните и бездомни кучиња, туку и за згрижување на кутрињата и возрасните кучиња кое се напуштени и оставени на улица од нивните неодговорни сопственици.

Како што велат и самите: „Шепасти Ентузијасти постојат за да го променат светот на бездомните животни во државава.“