СРЕЌЕН ТРЕТ РОДЕНДЕН ЛАЈКА

На 14.10.2023 година, на Школка, во Градскиот парк во Скопје, бевме дел од прекрасната екипа која заедно го славеше третиот роденден на Лајка.

Роденденот беше одбележан со „Изложба на вдомени кучиња“. На изложбата во сета своја крзнена сјајност, гордо продефилираа 65 кучиња вдомени од Лајка, заедно со нивните сопственици, а уште многу повеќе вдомени кучиња од Лајка дојдоа и уживаа гледајќи ја изложбата на која учествуваа нивните крзнени пријателчиња.

Како што кажаа од Лајка: „На овој ден, сите учесници, сите вдомени кутриња беа победници! Затоа што најубавата раса е ВДОМЕНО КУЧЕ!“

Нека ти е среќен роденденот Лајка и ти посакуваме уште многу среќно вдомени кутриња и уште многу вакви настани!