Новогодишна Фотосесија 2024 во Луна Пет!

Премногу љубов и премногу убавина на едно место, но малку ни беа два термина за новогодишната фотосесија со нашите крзнени пријателчиња за да можеме сето тоа да го впиеме. Оваа година пред објективот на нашиот фотограф Богдан се најде и Ахил, бернардинец, кој гордо и достоинствено, со буренце за рум закачено на вратот позираше пред новогодишната елка. Патем, поголем е и од Бетовен кој сите го знаеме од телевизиските екрани.

Вам и на Вашите миленичиња Ви посакуваме здравје, радост и среќа и да имате прекрасна година исполнета со љубов и сè што ве прави среќни.

И за крај, да се има милениче, е најубавиот дар кој го имаме за цел живот.

Ве сака тимот на Луна Пет.