HANDMADE CRAFTS & ACCESSORIES FASHION BAZAAR со Валентина Петковска во сабота, на 10.02.2024 од 11.00 до 14.00 ч.

Палета од бои преточени во најразновидни плетки на џемперчиња за кучиња и мачиња, исплетени со високо квалитетни волници од вештите раце на модната креаторка за  домашни миленици Валентина Петковска, инспирирани од последните светски трендови во pet fashion индустријата, се дел од рачно изработените производи за кучиња и мачиња, во чиј квалитет лично ќе се уверите доколку ни се придружите со Вашите миленичиња на HANDMADE CRAFTS  & ACCESSORIES FASHION BAZAAR кој ќе се одржи во Сабота, на 10.02.2024 година од 11.00 до 14.00 ч. во Луна пет.

Честите присуства на различни настани на модната креаторка Валентина Петковска на кои таа ги презентира најновите трендови на плетени џемперчиња, капчиња, шалчиња и др. акцесории за нашите крзнени пријателчиња, направија нејзините модели да се добро препознатливи како високо квалитетни и уникатни.

Со големо нетрпение го очекуваме овој несекојдневен настан и со големо задоволство Ве покануваме да ни се придружите со Вашите крзнени пријателчиња, на кои лично ќе можете да им ги пробате сите оние модели кои Ви се допаѓаат.  А секако, тука ќе биде и модната креаторка Валентина, која ќе Ви дели совети и ќе го сподели сето свое знаење околу нејзините креации.

Со душа Ве чекаме!

 

Валентина Петковска со

HANDMADE

CRAFTS  & ACCESSORIES

и

Тимот на ЛУНА ПЕТ