“Пролетна ГЕНЕРАЛКА” за нашите пријателчиња од Ј.П. Лајка

Драги наши,

Пролетта ни стигна и се знае, Балкан – пролетно чистење.

Сигурни сме дека по дома имате многу реквизити од Вашите миленици кои така ви стојат и не ги употребувате: ремчиња, тањирчиња, поводници, креветчиња, разни играчки и што се уште не.

И се прашуваме, доколку не ни требаат, а се во исправна состојба, зошто тогаш да не ги подариме на крзнените другарчиња во Ј.П.Лајка. На нив навистина им требаат, а и мнооогу ќе се израдуваат.

Поттикнати од оваа идеја, Луна Пет заедно со: М&M Пет Хотел, Nalla The Pittie и Централ Барк се изорганизираа, во периодот од првиот ден на пролетта 21 Март до 06 Април, да ги отворат вратите за сите оние кои ќе го донесат сето она што не им е потребно од нивните миленици, а е во добра и исправна состојба.

Каде може да ги оставите Вашите предмети за донации:

Луна Пет Шоп

М&М Пет Хотел

Централ Барк 

Па на 08 Април, заедно ќе појдеме во Лајка и ќе ги израдуваме крзнените другарчиња на нашите миленици.

И да не заборавиме, за секое милениче, кое ќе подари нешто свое за другарчето од Лајка, ќе си добие мало поклонче.

Со душа ве очекуваме <3

*Ве замолуваме сите предмети кои ги донирате да бидат здрави, функционални и чисти за да бидат одма спремни за користење за нашите крзнени другарчиња во Ј.П. Лајка.

Напишете коментар