Успешна Акција – “Пролетно Чистење”

Упатуваме најискрена благодарност до сите учесници во оваа акција, од огромно значење за сите нас, но и за бездомните кученца во Лајка.

Искрено веруваме дека вакви акции ќе има и во иднина, за што сведочи и несебичната хуманост на сопствениците на миленици, која беше на врвно ниво и со чија помош успеавме оваа акција успешно да ја спроведеме.

Донациите беа најразлични: поводници, ремчиња, играчки, тањирчиња, креветчиња, ќебенца, кои иако користени од страна на нашите миленичиња, сите беа сочувани и во одлична состојба, што видно укажува на грижата на сопствениците, не само за своите миленици, туку и за бездомните душички во Лајка.  Донациите беа збогатени и со  храна и грицки за нив, а резултатот беше среќни и разиграни опавчиња.

Голема благодарност упатуваме и до Лајка, која за сите наши предлози поврзани за благосостојбата на бездомните кучиња секогаш е со „отворени врати“.

Искрено Ваши,

NALLA THE PITTIE SHOP

CENTRAL BARK

M M PETS HOTEL

И

ЛУНА ПЕТ