Во пресрет на пролетта се дружиме со Канал 5 Телевизија

Со многу радост и возбуда ги дочекавме Бисера и Канал 5 телевизија во Луна Пет, како впрочем и секогаш кога доаѓаат кај нас на снимање. А на снимањето секогаш си поминуваме извонредно и тоа благодарение на нивната професионалност во работењето, проткаено со ведрина, љубов и непосредност.

Во една толку многу пријатна атмосфера, во пресрет на пролетта накратко ги дискутиравме  сите важни работи кои треба да ги знаеме за нашите миленици. Разговаравме за алергиите кои можат да се јават кај нашите крзнени пријателчиња на пролет, кои се првите знаци за митарењето на крзното и секако, нивна заштита од болви и крлежи.

Уште еднаш, упатуваме искрена благодарност до Бисера и екипата на Канал 5 Телевизија за поканата и прекрасното искуство.

Пресреќни сме секоја пат кога снимаме со Вас. Ви благодариме од сѐ срце.

До следниот пат!!!