Запознајте се со “M&M Pet Hotel”

Оваа Сабота сакаме да Ве запознаеме со нашите пријатели од “M&M Хотелот за миленичиња” и нивните гостинчиња кои уживаат во нивниот престој! 🏨🐶
Ние сопствениците сакаме да знаеме дека кога заминуваме на пат дека нашите крзнени пријателчиња се добро згрижени и си поминуваат одлично! Дојди во Луна Пет оваа Сабота од 11 до 14 часот и запознај се со луѓето позади овој хотел и добиј специјален поклон за оваа сезона! 🎄
Ние ја прашавме Мартина да го опише нејзиниот хотел и еве што таа имаше да ни каже:
“Ние од М&М Петс Хотел располагаме со отворен и слободен концепт и тежнееме да сме втор дом за милениците. Долгогодишното искуство со животни го насочивме кон создавање на мал и локален бизнис кој се наоѓа во Сопиште, на само 5км од центарот на градот. Целта е да имаме среќни опавчиња, а сопствениците да бидат спокојни кога не се со своите четвороножни пријатели. “
Ти благодариме Мартина, а ние Ве чекаме на дружба оваа Сабота! ❤️🐾

Датум

18 Ное 2023
Завршено

Време

11:00 - 14:00

Локација

luna pet shop
Skopje

Организатор

Luna Pet Shop
Телефон
+3897197313
Email
lunapetcom@gmail.com
QR Code