Маска Albury

1.200 ден1.800 ден

Да се најде идеална маска знае да биде вистински предизвик. Да се осигура дека здравјето на кучето не е нарушено, правилно да одговара маската и да биде удобна се две многу важни работи. Идеално е кога твоето куче нема ни да примети дека носи маска откако ќе биде тренирано да се навикне на истата, слично како ние луѓето се навикнуваме да носиме наочари или протези. Маската ALBURY е вистинска иновација од многу аскепкти и ги постигнува најголемите барања. Направена од едно парче пластика и е флексибилна благодарение на термопластичен еластомер (TPE) без да се изгуби од нивната издржливост. Дополнително е одбложена во делот кај носот, а решетката е дизајнирана да овозможи дишење или пиење вода, како и давање на мали грицки без проблем. Особено важно е да се знае дека има штитник кој може да се стави дополнително за да се спречи конзумирање на нешто отровно или забрането од земја што би било штетно по нивното здравје. Најлонските ремчиња кои централно поминуваат кај главата и ушите лесно може да се прилагодат  за маската да биде цврсто поставена и сигурна во секоја ситуација.
Маска може да Ви е потребно кога патувате накај дома, на пат во странство, на превозно сретство или во непозната ситуација каде не знаеете како може кучето да реагира. Исто така може да се носи после операција да се спречи лижење.

 Забелешка: Ве молиме никогаш да не го оставате кучето со маска без надзор. Маската не смее да се носи постојано и никако за време на физичка активност. Да се спречат повреди, маската редовно треба да се провери дали е во добра состојба, и да се замени ако е оштетена.

За правилно да се одбере димензија, Ве молиме погледнете ја табелата:

Шифра: Не е достапно Категорија: Ознаки: , , , ,