Што е мататаби?
Мататаби (Actinidia Polygama) или познато како и Сребрена Винова Лоза. Тоа е лозово листопадно растение кое се одгледува на високите планиски делови на источна Азија. Има плодови кои се миризливи и имаат изглед сличен на киви. Во Јапонската и Кинеската традиционалната медицина се користи како превентивен лек кои се користи со векови како алтернативна терапија за повеќе болести.
Одамна е познато дека мататаби предизвикува еуфорични реакции кај мачките бидејќи содржи не една, туку два аттрактанти. Првата е онаа која рекалсира и привлекува, а втората е онаа која стимулира и има мирис како благ чај.
Комбинираниот ефект е сличен како оној од катнип, но е многу посилен. Повеќето мачки кои не реагираат на катнип, реагираат позитивно на мататаби. Типично однесување е да се тркалаат, да се тријат во пределот на главата и образите, лигавење и лижење. Ефектот трае помеѓу пет и триесет минути. Концентрацијата на алкалоидите е различна во сите делови на мататаби гранките.