Прва помош за миленици
Реагирајќи брзо и соодветно во итни ситуации може да го спаси животот на твојот миленик. Оваа кратка брошура со упатства ќе ви помогне да се справите со најчестите итни ситуации и како да реагирате на нив.
Корисни совети
Безбедност: Помислете на вашата безбедност и на животното. Секогаш приоѓајте на животното со претпазливост и без паника. Секое животно, дури и вашето домашно милениче, може да реагира агресивно во опасна ситуација поради болка или страв. Препорачливо е да ставите маска на кучето. Доколку немате маска употребете завој, врвка или дел од облека.
Како да направите маска ако немате при рака? Стави го завојот околу муцката на кучето. Направи го првиот јазол на горниот дел на муцката, доведете ги врвците на долната страна на муцката и направете втор јазол. Донесете ги врвците на задниот дел од главата и завршете со трет јазол.
Осигурете се дека маската не е затегната премногу, така што кучето може да дише лесно. Отстранете ја маската веднаш ако забележите дека животното мора да поврати.
Повикајте помош: Контактирајте го ветеринарот и опишете ја ситуацијата. На овој начин ветеринарот може да ја процени итноста на ситуацијата и да ви ги даде потребните совети. Во случај на сомневање за труење, контактирајте го вашиот локален ветеринар.
Давање на прва помош: Добрата подготовка е важна. Проверете дали ја имате подготвена целата потребна опрема пред да дадете помош. Измијте ги рацете темелно, ставете ракавици. На овој начин избегнувате инфекции.
-
Каснување или убод од инсекти
Што е тоа? Повеќе убоди од пчела или оса може да доведат до иритација или оток. Во најстрашен случај може да го попречи дишењето на миленичето.
Што да направите? Ако вашето домашно милениче е избодено во устата, контактирајте го вашиот ветеринар што е можно побрзо. Проверете дали има сеуште ја има иглата од убодот на местото. Нанесете ладна облога за да се намали отокот. Домашните миленици треба редовно да се проверуваат за болви и крлежи.
-
Шок
Што е тоа? Шок е екстремно нарушување на циркулацијата, кое може да стане опасно по живот. Како последица од шокот, ткивата ќе изумрат и исто така ќе има оштетување на ткивата на повеќе витални органи (срце, бели дробови и мозок) и некогаш може да биде фатално.
Причините за шок се: обилно губење на течност или крв, хипотермија, алергиска реакција (анафилатичен шок), физичка или психолошка траума, труење.
Симптоми на шок? Летаргично (омалаксано) или несвесно куче или мачка, бледо мукозни мембрани (погледнете ја внатрешноста на усната или очните капаци), забрзано и површно дишење, ладни нозе и кожа, продолжено време на полнење на капиларите и зголемени зеници.
Што да направите? Веднаш контактирајте го вашиот ветеринар. Бидете сигурни дека вашето куче или мачка останува мирно и во тивка животна средина. Гледај твојот миленик да има нормална телесна температура и да му е топло со ставање ќебе, така што телесна температура нема да паѓа повеќе. Обилното крварење треба да го сопреш со компресивен завој (видете информации за крварење).
3.Крварење
Што е тоа? Крварењето може да се појави по физичка траума, како на пример по судир или за време на борба со друго животно. Во случај на обилно крварење, од големо значење е да го запрете крварењето што е можно поскоро.
Што да направите? Пред се осигурајте ја сопствената безбедност и носете ракавици кога се обидувате да го забавите или запрете крварење. Нанесете директен притисок или компресивен завој: стави чиста крпа или газа над раната на вашето домашно милениче и ставете предмет врз него за да има дополнителен притисок врз раната, како што е чисто марамче или ролна завој. Завиткајте ја раната со завој и заврзете ја да биде доволно стегната.
Помогни си и затегни со ластик (турникет): Треба да се користи само во случај на обилно крварење кога завојот не е доволен за да се запре крварењето и само ако повредата се наоѓа на опашката или ногата. Постави го еластичниот ластик (турникет) над раната, помеѓу крварењето и срцето. Завиткајте го турнирот околу опашката или ногата два пати и направете јазол.
Потоа врзете предмет како што е краток стап или пенкало во јазолот. Користете го предметот за затегнување на турникетот додека не запре крварењето. Врзете го предметот за да го задржите на место и запишете го времето, за да можете да го ослободувате на секои 10 до 15 минути, што е од суштинско значење за протокот на крв во погодениот дел од телото. Потоа повторно врзете го. Никогаш не отстранувајте турникет сами! Остави го ова на твојот ветеринар.
-
Рани
Ако раните се отворени, кожата и/или долните слоеви се оштетуваат. Постојат различни видови на отворени рани како што се абразии, исеченици и каснувања.
Каснувања
Што е тоа? Рана од угриз е тешко да се препознае, најчесто се препознава по мали дупчиња во кожата. Раните од каснување изгледа дека се површни, но имај на ум дека тие секогаш се инфицирани бидејки плунката и забите кај животните има микро-организми. Ако раната од каснувањето не е соодветно третирана, може да се добие сериозна инфекција.
Што да направите? Контактирај го твојот ветеринар што побрзо.
Абразии
Што е тоа? Во случај на абразија, горниот дел на кожата е оштетен. Ова е површна рана со мало губење на крв. Но, бидејки кожата е оштетена може да е многу болно.
Исеченици
Што е тоа? Остар предмет може да предизвика површна или длабока исеченица. Овие исеченици обично имаат обилно крварење. Карактеристично за исечениците е дека има мазни рабови кои помагаат во заздравување на раните.
Што да направите? Прво исчистете ја раната со чиста газа или стерилна вода. Исто може да ја оставиш раната да крвари малку за да се исфрлат нечистотиите. Ако има остатоци од стакло, песок или слично во раната морате внимателно да ги отстраните со чупалица, стерилна газа или памукче за чистење. Тогаш внимателно дезинфицирајте ја раната и покријте ја со газа. Длабоки и големи рани треба да се зашијат што е можно побрзо.
Како да ставиш завој на шепата? Започни од долниот дел на шепата и потегни го завојот кон горниот дел над ноктите и потоа преку целата шепа. Потоа почни со навртување на завојот околу ногата неколку пати за тој дел да е целосно покриен, но секако да не е премногу цврсто.
-
Труење
Што е тоа? Твојот миленик може да се отруе ако изеде нешто отровно, да вдиши или пак да се закачи на кожата. Први знаци се повраќање, лигавење или диареа.
Што да направите? Контактирајте го Вашиот ветеринар одма. Исплакни ја муцката и устата на твојот миленик со чиста вода. Ако токсичната состојка е на крзното, пробај да го отстраниш со шампон/ сјај за садови и вода. Излези на место каде имаш повеќе свеж воздух во случај ако е абсорбирано од респираторниот тракт.
-
Топлотен удар
Што е тоа? Твојот миленик може да се прегрее ако е затворено подолго време во кола, во мала просторија или ако лежи на сонце подолг период. Така може да дојде со сончаница или дехидратација. Тоа може да го согледаш ако миленикот реагира минимално на стимули, дишењето не е регуларно и миленикот има покачена телесна температура и е топло.
Што да направите? Контактирајте го Вашиот ветеринар одма. Однеси го твојот миленик во свежа просторија. Испрскај го по телото со свежа вода, намокри го кај стомакот, нозете и јазикот. Во никој случај немој да истуриш цела кофа вода врз целото тело оддеднаш.
-
Изгореници и Смрзнатини
Изгореници
Што е тоа? Огин, жешки течности, пареа, хемикалии, соларна радијација итн, може да доведе до изгореници. За да знаеш како да ја процениш сериозноста и степенот на изгореницата, тие се поделени во три категории:
Прв степен на изгореница: Површна рака која се гледа како црвено, отечено и болно место. Крзното може да е изгорено, но да не биде целосно соголено.
Втор степен на изгореница: Надворешниот слој на кожата како и дермис- уште еден слој подоле се оштетени. Кожата е црвена, отечена и се појавуваат плускавци кои содржат течност и акумулираат влага. Второ-степена изгореница е многу болна.
Трет степен на изгореница: Целосно ги оштетува двата долни слоеви на кожа. Долните ткива исто така може да бидат оштетени. Кожата може да биде бела или целосно црна (јагленисана) и крзното е целосно паднато. Кожата околу местото на изгореницата е навистина болно бидејки тие се фатени со прв или втор степен на изгореница.
Секоја изгореница е проследена со губење на течности. Во случај на обилна и сериозна изгореница кога многу течности се изгубени, твојот миленик може да падне во шок (погледни точка 2 ШОК).
Што да направите? Олади го местото на кое е изгореницата со прскање со млака вода барем 10 или 15 минути. Потоа под итно да се консултираш со ветеринар.
Смрзнатини
Што е тоа? Премногу ниски температури заедно со ветер и влажност може да доведе до смрзнатини. Најчесто тие се лоцирани на краевите на телото како на пример кај ушите, нозете или врвот на опашката бидејки овие делови на телото содржи помала количина на поткожни масти.
Исто како и изгорениците и овие се поделени на три категории:
Прв степен на смрзнатина: Кожата е бледа и вкочанета (оттрпната).
Втор степен на смрзнатина: Отеченост и појава на плускавци. Плускавците се полни со темна крвава течност.
Трет степен на смрзнатина: Црна или плава дисколорација на кожата. Во овој дел кожата е целосно вкочанета и оттрпната.
Што да направите? Третманот и пристапување кон смрзнатините е со затоплување на зафатените делови. Тоа може да го направите со кебе или пак со бањање со млака вода. Загревањето треба да се направи полека со повеќе чекори. Консултирај се со твојот ветеринар во случај на тешка рана и смрзнатина или пак ако не можеш да ја вратиш температурата на твојот миленик во нормала.
-
Скршеница
Што е тоа? Кога твојот миленик ќе скрши нога, нема да може да се движи нормално. Ногата може да биде во чудна позиција, коската може да пробие преку кожата и да биде излезена надвор или може да има и рана. Исто така можно е скршеницата воопшто да не е видлива и да се види само од држењето и движењето на миленикот.
Што да направите? Ако твојот миленик има скршеница, брзо контактирај го твојот ветеринар. Обиди се да не го поместиш твојот миленик освен ако не мораш, и тоа многу внимателно. Внимавај и на твојата безбедност. Поради болка и преплашеност, миленикот може да се гризне.
-
Диареа и повраќање
Што е тоа? Ако твојот миленик има диареа тоа се покажува со мека и течна столица. Може да има повеќе причини како на пример проблем со цревата, глисти, труење,лоша дигестија, настинка или слично. Ако твојот миленик не внесува доволно течности, може и да дојде до дехидратација.
Што да направите? Дајте му за јадење лесно варлива храна како на пример лесно готвено месо. Распредели ја храната на повеќе оброци во еден ден. Поттикни го твојот миленик да внесува повеќе течности. Одма контактирај го твојот ветеринар во следниве ситуации: диареа проследена со повраќање, диареа која трае повеќе денови, диареа со крвава столица (особено кај млади миленици), ако твојот миленик има диареа и генерално изгледа како да е болно (пасивност, треска, дехидратација, не јаде..)
Повраќање
Што е тоа? Повраќање е процес во кој се отстранува желудочна киселина или храна од телото.Повраќањето е често кај мачињата и кучињата. Исто како и кај диареата, има повеќе причини како на пример гастро-интестинални проблеми, глисти, проблеми со цревата, стрес, топки влакна кај мачките и слично.
Што да направите? Дајте му за јадење лесно варлива храна како на пример лесно готвено месо. Распредели ја храната на повеќе оброци во еден ден. Поттикни го твојот миленик да внесува повеќе течности. Одма контактирај го твојот ветеринар во следниве ситуации: повраќање проследено со диареа, постојано повраќање, црна или крвава повраќаница, а пак кај малите кутриња ако имаат нагони но никако да повратат, ако твојот миленик повраќа и генерално изгледа како да е болно (пасивност, треска, дехидратација, не јаде..)