Скали и рампа за кучиња (2 in 1) Pino

7.800 ден

Без разлика дали имаме мало кутре кое е брливо и сеуште не може да стигне да се качи на кревет, или пак се работи за повозрасно куче со мали здравствени проблеми и му е потребна поддршка, Pino е идеално решение и за двата проблеми!

Високо квалитетни скали и рампа за кучиња која може да ја смените зависно од потребата на Вашето куче. На тој начин кучето нема да ги преоптовари зглобовите и значително се намалува шансата за повреда. Може да ги користите за влез во домот, за качување на кревет или пак за влез во автомобилот. Лесно се расклопуваат и може да ги носите секаде со Вас за да се одржи комфорот на Вашето милениче. Со плишан материјал на скалите за да се спречи несакано лизгање.

  • Се склопува во три чекори и е одма достапна
  • Соодветна за кучиња до 40кг
  • Со нелизгачко дно
  • Лесно се преместува со две рачки
  • Едната страна се скали, другата страна е рампа

Димензии: 62х36х51 см