Skin Protect Massage Treatment за заштита на кожата – чувствителна кожа

900 ден

Специјален гел креиран за заштита на кожата на кучиња со осетлива кожа,  формулиран со органска алое вера, кафеави алги и бисабол (екстрат од камилица)

Дејство:

  • Темелно ги отстранува сите нечистотии на кожата и детоксифицира
  • Помага во намалување на иритациите на кожата

Формула која не содржи парабен со нормална pH вредност, направено од 98% природни и органски состојки. Третманот масажа за заштита на кожата има високо квалитетни состојки како бисаболол и морска сол- кои помагаат во намалување на иритациите на кожата, детоксикација на кожата додека кожата останува длабински хидрирана.

Бисабол (масло од камилица) е препознатлива состојка поради брзото дејство на смирување на иритирана или кожа со црвенило, како и со олеснувачко дејство кон сите кожни болести, екстерни иритации или изгореници од сонце.

Се препорачува да се употреби Hydro Active Emulsion (хидро терапија за зацврстување на надворешниот слој на кожата за поголема заштита) – чувствителна кожа како следен чекор за здрава и чиста кожа кај милениците.