Маска за дресура Follow Me
750 ден – 1.200 ден
Внимателен и нежен тренинг за твоето куче. FOLLOW ME е маска која е лесна за користење која ќе ја зголеми ефективноста на едукација и послушноста на твоето куче од повеќе аспекти. Функцијата на маската се дизајнирани да ги репродуцираат мерките пронајдени во животинскиот свет: лесниот притисок кај мостот на носот и вратот нежно го дисциплинираат Вашето куче без да ги прекинувате или попречувате неговите природни движења.Специјално дизајнираниот метален прстен спречува прерамката кај носот да се слизне, што значи дека е целосно безбедно за користење дури и за почетници. Без разлика дали ти е потребно за куче кое силно влече или пак за агресивно куче, со оваа маска ти секогаш ќе ја имаш контролата со минимален напор.
Функција 1: Маската се подесува околу вратот и муцката на кучето и се закачува на поводникот преку D – прстенот кој се наоѓа под муцката на кучето. Се олеснува тренингот преку ставање на нежен притисок врз носот и вратот на кучето
Функицја 2: Поводникот исто така може и да се прикачи и на вратот на кучето. Во овој случај притисокот се става само на носот на кучето. За да се спречи маската да падне се препорачува со истата кука од поводникот да се закачат и прстенот на маската и прстенот на обичното, секојдневно ремче на кучето.
Функција 3: Со цел вашето куче побрзо да се привикне на новата маска, можете да употребите и тренинг (двоен) поводник, со две куки. Едната кука ја ставате на прстенот од маската која се наоѓа околу вратот, а другата кука на прстенот кои стои под муцката на кучето, со цел подобра контрола врз кучето.
Функција 4: Дополнително, маската можете и да ја претворите во полу-давилка. Само треба да се подеси делот од маската која се наоѓа околу муцката на кучето и истата да се протне преку главата на кучето.
Како да ја најдеш правилната големина за твоето куче:
M | за врат со димензии од: | max. 40 cm |
---|---|---|
L | за врат со димензии од: | max. 50 cm |
XL | за врат со димензии од: | max. 60 cm |
Соодветната големина зависи од димензиите поединечно за секое куче, горенаведените димензии се грубо наведени. Да ја знаеш соодветната големина најдобро е да се проба оваа маска на твоето куче.