Ранец и торба за во авион Miles

6.300 ден

Нема поубаво чувство од она кога се спремаш за пат заедно со твоето милениче- дали е тоа со воз, авион или кола. Штом стигнете на дестинацијата може да се шетате низ градот, да пешачите на отворено или да посетите музеј. Овој практичен ранец MILES е соодветен за милениче до 6.5 кг и така ќе може да го носиш секаде со тебе. Дизајнот на ранецот е направен за твоето милениче да може да гледа се наоколу и да ги активира сите сетила. Може да бидете сигурни дека твојот “патник” е сосема безбеден од сите аспекти додека се одмара во ранчето. Долниот дел може да се отстрани и е додадено со крзнен материјал за да му биде удобно и може да користи како место за спиење.

Димензиите на овој ранец одговараат со IATA (International Air Transport Association) што значи дека е соодветно за во авион како ранец горе со тебе во оние авио-компании кои прифаќаат кучиња како патници. Исто така може да се додаде и на шипките на куферот. Додадени се џепчиња каде може да сместиш телефон, новчаник или аксесоари за твоето милениче кои секогаш е потребно да се при рака, а се скриени позади на ранецот. Имаат еластичен материјал па лесно може да собере и поголеми предмети, и исто така има метална кука на која може да го закачиш тањирчето за вода.

Се на се, практичен ранец кој секаде ќе го носите со Вас на секоја Ваша авантура.

Димензии:  30 x 22 x 45 cm

 

Категорија: , Ознаки: , , , , , ,