Чист – потполно природен производ. Гризли маслото од лосос е одлично – чисто масло од лосос добиено од дивиот лосос од Аљаска. Содржи големи количини на омега-3 масни киселини EPA и DHA со долг синџир и природно ограничена количина на Омега-6 масни киселини. Односот на омега-3 и омега-6 масните киселини во маслото од гризли лосос е поголем од 9:1, во споредба со оној на одгледуваниот лосос каде што соодносот е помал од 3:1.
Затоа, маслото од гризли лосос е многу посилен извор на омега-3 масни киселини, така што може да го балансира целокупниот дел од исхраната на вашето домашно милениче, која обично содржи вишок на омега-6 масни киселини (од растителни масла и пилешки масти). Омега-3 масните киселини EPA и DHA се важни нутритивни компоненти кои му се потребни на вашето домашно милениче за здрава кожа и меко и сјајно крзно. Маслото од див лосос дополнително го поддржува и зајакнува имунолошкиот систем, целокупната кондиција и срцето, и го одржува високото ниво на енергија на вашето домашно милениче. Гризли маслото од лосос има благ вкус, како филе од свеж лосос. Вкусен е за вашето куче или мачка, а секојдневната конзумација е сосема природен начин за подоброување на здравјето на вашето домашно милениче, како и за долг и среќен живот. Лесен за користење – пригодниот пумпи-диспензер ја дава вистинската количина секој пат.
Маслото од гризли лосос се користи за:
- Кожа: Сува или иритирана кожа и чешање на миленикот. Црвена кожа и голи делови од неа. Кожа со иритирани влажни области. Зголемен првут. Зголемено опаѓање на крзното. За развој на сјајно крзно во рок од 2 недели (за ревии и учество на изложби).
- Виталност: Постари кучиња/мачки со намалена виталност или тешкотии при движење или губење на апетит. Општо губење на виталноста – расположение.
- Апетит: Кучиња / мачки со губење на апетит или рамнодушност кон храната. За постари животни со губење на апетит
- Срце: За да спречите срцев удар или други срцеви заболувања. Ветеринарите препорачуваат омега-3 масни киселини за зголемено здравје на срцето. Постоперативно, а особено по отстранување на канцерогените тумори за побрзо закрепнување и враќање на имунолошкиот систем на високо ниво.
Повеќе информации: https://grizzlypetproducts.com/product/grizzly-salmon-plus/