ЛУНА ПЕТ НА ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ВО ЛАЈКА февруари 2022

На наше огромно задоволство бевме поканети на хуманитарен настан посветен на бездомните кучиња кои се згрижени во Лајка.

Бидејќи прв пат бевме кај нив на посета, од страна на директорот на Лајка, Воислав Димитровски, бевме насекаде прошетани, видовме каде кучињата се чуваат, негуваат, лекуваат, каде им поминува времето во игра и дружба и бевме упатени околу негата и грижата која тамо им ја пружаат, како и активностите кои ги преземаат околу нивното понатамошно вдомување.

Еден прекрасно поминат ден во игра со кученцата, но и во разговори со Директорот на Лајка, за наша заедничка идна соработка.