РАЗГОВОР СО СПАЈК И ЕНИС

Спајк: Здраво, пријатели! Јас сум Спајк од расата Пит Бул!

Да ви биде јасно уште на почеток, јас го слушам само Енис!!

Омилена играчка ми е гумена топка, пластично шише и перница!

Верувале или не, имам само 6 месеци, а за тоа време имам по дома изедено цвеќе, кабел од ТВ и во кола, каблите од аирбегот и рачната кочница! Да да…

Моето омилено хоби ми е кога си играм со моите другари Лорд и Ото во песок и со гранки од дрво! (поздравете ги од мене)

Кога газда Енис не е дома, јас секогаш спијам на тросед или го чекам пред врата, но немој да сте му кажале!!

Кога ќе направам беља мојот газда Енис секогаш ме кара, а понекогаш и ќе ме плесне по газето ама мене не ме боли!

Е сега да ви кажам, за роденден сакам да добијам големо плишано мече по можност да е женско и голема торта со вкус на говедско месо!

Кога луѓето ќе ме видат низ град секогаш ми се радуваат, а има и од оние кои што се плашат, а јас не сфаќам зошто!

Омилена игра со мојот газда е кога се бориме на троседот и кога трчаме заедно на игралиште и сакам повеќе време да поминуваме заедно!

 

Што вели Енис за Спајк? Ајде Енис, кажи ни неколку зборови.

Енис: Спајк е многу весело, дружељубиво и хиперактивно куче, сака многу да се мази!

Омилен цртан филм му е Том и Џери!

Најмногу се плаши од правосмукалка, џогер и фудбалска топка!

А полудува на бели чорапи!