Среќната приказна на Биги

Денес е многу среќен ден за нас!  Денес срцето ни е полно!!!

Прво да Ви раскажеме кратка приказна:

Мината година за прв пат донесовме инвалидски колички за кучиња и ортопедска опрема за миленици  од BALTO која ќе им помогне на сите миленичиња со проблеми. Пред кратко време беа поставени на нашата веб страна и пред да успееме да ги презентираме, ни стигна on-line нарачка за инвалидска количка.

Се слушнавме со сопствениците на кучето и решивме дека мора да го посетиме и да се запознаеме. Овој тип на колички се мести според димензиите на кучето и е нешто кое мора индивидуално да се монтира.

Биги е мопс и има 8 години. Биги веќе подолго време не може да оди поради проблем со задните ножиња, па затоа прошетките и секојдневните активности се многу тешки, како за него, така и за неговата фамилија.

Нашиот тим беше во нивниот дом, се запозна со Биги и од денес Биги има супер тркалца кои ќе му помогнат повторно да оди, трча и да се шета.

Како што му ја наместивме количката, малку се исплаши и се збуни бидејќи не знаеше што му се случува. Но, како што полека почна да мрда, така сфати дека може повторно да оди!!

На лицето му се гледаше дека е среќен!! Очињата му светкаа!!!

Но, девојчето кое го чуваше почна да трча, па и тој потрча. И сфати дека и тој може да трча!!

До вчера хигиенските потреби му беа предизвик, ама денес тој трча!! И го знае тоа!!! И очињата ми светкаат!! Дали можеш да замислиш што му поминува низ тоа убаво, паметно и мило главче!

Благодарни сме на сопствениците на Биги за довербата.

Благодарни сме и на нашите прекрасни колеги кои успешно ја монтираа количката на Биги и беа тамо за неговите први чекорчиња по толку време.

Од денес Биги живее нов живот, а нашето срце и нашата душа се полни!!

Ете зошто сме тука, ете зошто постоиме!!!