БИСЕРА И КАНАЛ 5 ВО ЛУНА ПЕТ

Со големо задоволство и неизмерна радост, повторно ги дочекавме неверојатната ТВ екипа на Канал 5 Телевизија @kanal5televizija со водителката Бисера во нашиот Луна Пет. Овој пат, во пресрет на новогодишните и божикните празници, за најпопуларната утринска програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија, разговараме на следните 2 теми:

  • Кои се последиците од пукањето петарди и како тие влијаат на домашните миленици и
  • Дали домашната храна која си ја подготвуваме за нас за новогодишните и божикните празници, смеат да ја  консумираат нашите миленици.

Ја поздравуваме иницијативата на Бисера за едукативните дискусии на различни теми околу домашните миленици кои навистина се повеќе од неопходни, не само за сопствениците на домашните миленици, туку и за сите нивни љубители и заштитници.

Па оттаму, не знаеме како да ја изразиме нашата искрена благодарност до водителката Бисера и целата ТВ екипа на Канал 5 Телевизија, што токму Луна Пет учествува во овие едукативни емисии посветени на милениците, за кои искрено, веруваме дека на сите нас ни се од голема полза.

Се надеваме дека прикаченото видео ќе Ви биде од голема полза и ќе уживате, како што уживавме и ние.

(Видеото е преземено од Здраво Македонијо – 03.01.2024 Канал 5 Телевизија)