Промоција на PAWTRAITS- Уникатни персонализирани портрети за Вашето милениче

Идеите и сета креативност што тие ја носат со себе, најдобро можат да се забележат во несекојдневното творештвото на нашиот млад уметник Владимир. Неговата идеја за креативно цртање и дизајнирање на уметнички канваси со портрет од домашни миленичиња, се вплоти во неговите извонредни изработки на уникатни персонализирани потрети на миленици, како единствен тип на уметност застапена на нашите простори.

А сето тоа резултираше со појава на еден исклучителен бренд, Pawtraits, чие главно мото е, како што вели Владимир: „да го стоплиме Вашиот дом, со портрет од Вашето милениче.“

Ќе ни биде чест, доколку и Вие, заедно со Вашите миленичиња ни се придружите на промоцијата на досегашните извонредни уметнички дела на Владимир од Pawtraits, која ќе се одржи во Луна пет, на ден сабота, 23.3.2024 година, од 11.00 до 14.00 ч., каде тој лично ќе Ви ги раскаже приказните за создавањата на секој портрет со миленик, а може и Вас да Ви направи нова приказна за Вашиот миленик, која вечно ќе го топли Вашиот дом.

И Ви ветуваме дека ќе имаме една незаборавна заедничка дружба со нашите миленичиња, каде, секако, тие ќе имаат и можност за дегустација на разни вкусови конзервирана храна.

 

Со душа Ве чекаме,

Владимир од Pawtraits

и

Тимот на Луна Пет